Додека целиот свет се забавува со тоа дали Антоан Гриезман и Нејмар ќе потпишат за Барселона, некои анализи покажуваат дека всушност шпанскиот првак и нема преголема потреба од играчи како Французинот и Бразилецот, туку треба да се засили на други позиции.
Барселона на крилните позиции веќе ги има Кутињо и Усман Дембеле, па ако дојдат Гриезман и Нејмар, неизбежна ќе биде разделбата со Кутињо, кој не ги оправда очекувањата во минатата сезона, и Дембеле, кој е млад и клубот не сака да го продаде, но можеби ќе мора поради финансискиот фер плеј.
Интересно е што Барса е преокупирана со создавање неверојатен офанзивен квартет Меси-Гриезман-Нејмар-Суарес, а повторно ќе има одредени слаби точки ако не купи играчи на другите позиции.
Единствен лев бек им е Жорди Алба и ако тој се повреди, ќе имаат проблем. Немаат алтернатива ниту за Жарарт Пике, кој е единствен централен дефанзивец од десната страна. Луис Суарес е неприкосновената „деветка“ во нападот, но и за него нема соодветна замена. Алба, Пике и Суарес имаат над 30 години и нема да може да играат цела сезона на повеќе фронтови, па немањето замени за нив, може скапо да ги чини во Барселона.