Катар ќе плаќа навивачи само за да го фалат организаторот на Мундијалот и да пријавуваат критики

Организаторот на претстојното Светско првенство, Катар одлучи да ангажира група од 40 англиски навивачи кои ќе имаат улога на „шпиони“, односно земјата ќе ги плаќа да извршат неколку задачи за време на Мундијалот, пишува магазинот „Тајмс“.

Англиските навивачи ќе добиваат џепарлак од 60 фунти на ден, ќе им бидат покриени авионските билети како и обезбедени влезници за натпреварите и хотелско сместување, а ќе треба да шират позитивни пораки за време на СП, да пеат одредени песни како и да пријавуваат објави на социјалните мрежи во кои се критикуваат Катар и организацијата на Мундијалот.

На натпреварите тие ќе мора да носат дресови на својата репрезентација, а за време на преносите ќе има и неколку кадри во кои ќе мора да прават добра атмосфера и да креираат слика дека навивачите добро се забавуваат на трибините.

Покрај англиските фанови, катарските власти планираат да ангажираат по 40 навивачи од сите земји учеснички на Мундијалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести