Катар влегува во финишот на подготовките за организација на Светското првенство во фудбал што ќе се игра од 21. ноември до 18. декември, односно ќе почне за нешто повеќе од еден месец.
Катарците и покрај сите критики кон нив особено за експлоатација на работниците кои учествуваа во изградбата на спортска инфраструктура за Мундијалот, односно за изградба на стадионите сепак најави егзотично првенство во термин што з првпат се практикува во фудбалот на Мундијалите.
Објавен е и официјалниот спот што ќе биде лотистен и за свеченото отворање на најголемиот фудбалски настан што постои на планетата, а истиот ќе се котисти и во текот на шампионатот.
FIFA World Cup Qatar 2022™ | OFFICIAL TV Opening from soccer
На премиерата на Светското првенство ќе играат Сенегал и Холандија, на 21. ноември од 11 часот, а на првиот ден од шампионатот ќе играат и Англија против Иран, Катар со Еквадор и САД против Велс.