На нешто повеќе од два месеци до стартот на Светското првенство во Катар, голем број на странски медиуми соопштуваат дека домаќинот дозволил навивачите да може да користат алкохол за време на Мундијалот.
Според верските начела на Муслиманите, забрането е конзумирање на алкохолни пијалоци во јавност, но овојпат Катар како домаќин на фудбалскиот планетарен собир направи компромис.
Најавите се дека навивачите кои имаа влезници за мечевите, ќе може да купат алкохолно пиво, но и тоа ќе биде во строго одреден термин. Пиво ќе може да се купи три часа пред почетокот на мечот и еден час по завршување на средбата и тоа на строго утврдени позиции.
Навивачите кои ќе бидат сместени во фан зоната во Доха ќе имаат поголеми привилегии. Споменатиот алкохолен пијалок ќе може да се купи од 18:30 часот од еден часот по полноќ.
Само компанија за пиво која е официјален спонзор на Светското првенство ќе има право да продава пиво на Мундијалот. Најголемиот фудбалски настан ќе биде од 20 ноември до 18 декември, а на него ќе учествуваат најдобрите 32 селекции од цел свет.