Претседателот на Фудбалската федерација на Катар, шеикот Хамад бин Калиф бин Ахмед ал Тани ја прифати понудата од Европската фудбалска федерација (УЕФА) за Катар да игра во европските квалификации за пласман на Мундијалот во 2022 година.
Катар е домаќин на планетарниот собир, а според планот, ќе игра во групата А заедно со Португалија, Србија, Ирска, Луксембург и Азербејџан. Првиот меч Катар ќе го игра на 24 март против Луксембург. Овие мечеви за Катар ќе бидат како тест за подготовка на домаќинот на Светското првенство во 2022 година.
„Репрезентацијата на Катар во изминатите неколку години направи успешни резултати. Го освои Азискиот куп за првпат во историјата, но наша цел е да напредуваме за да бидеме подготвени пред првиот настап на Светското првенство“, објасни Ал Тани.