Катар си игра мајтап со ФИФА, бара промени во последен момент пред стартот на Мундијалот

Организаторот на Светскотот првенство, Катар, на сите начини и со сите средства се обидува да го забрани алкохолот, иако договорот со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) беше тој да биде дозволен во специјалните навивачки зони, но и на стадионите три часа пред натпреварите.

Кралското семејство кое управува со Катар сака во последен момент да ги промени правилата на игра откако претходно добија отстапки од ФИФА, која им дозволи да не се точи алкохол за време на натпреварите.

Сега на катарската влада ѝ пречи тоа што промотивните штандови за продажба, како и рекламите се премногу изложени и дека бодат очи, па наредбата да се изврши притисок врз ФИФА да се согласи на промени стигнала од Јасим бин Хамад, братот на владетелот на Катар.

Еден од главните спонзори на ФИФА е американскиот производител на пиво „Бадвајзер“, кој доколку биде направена нова отстапка во корист на Катар, би го раскинал договорот, би ја тужел ФИФА и би барал огромна отштета.

Алкохолот во фан зоните се продава само попладне и навечер по високи цени, околу 13 евра за шише. Направени се и специјални зони за отрезнување на навивачите кои пак во алкохолизирана сотојба нема да можат да влезат на стадионите.

Претходно Катар успеа да издејствува од ФИФА нивната репрезентација да го одигра првиот натпревар на Светското првенство наместо актуелниот шампион, како што беше традиција.

- Оглас -

Најнови вести