Катарците не прашувале за цена, потрошени се 880 милиони долари за Мундијалот

Британскиот медиум „Сандеј тајмс“ и дел од азиските медиуми објавија вест дека Катар потрошил неверојатни 880 милиони долари како некој начин на мито за да ја добие организацијата на фудбалскиот Мундијал во 2022 година.

Само на 21 ден пред конечната одлука кој ќе биде домаќин на Светското првенство, Катарците ѝ понудиле на ФИФА неверојатни 400 милиони долари.

Во, како што наведува „Сандеј Тајмс“, валканата игра за добивање на вредното натпреварување биле вклучени и реномирани медиуми од калибарот на „Ал Џезеира“ и „Беин спорт“.

Првите во договор од 2010 година склучен со ФИФА вклучиле и клаузула дека ако Катар биде домаќин, Светската куќа на фудбалот ќе добие бонус од 100 милиони долари. „Беин медиа“ има слична клаузула, со многу повеќе пари за ФИФА, околу 480 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести