17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Катарците се заканија дека ќе прекинат да го финансираат ПСЖ

Сопствениците на Пари Сен Жермен од Катар размислуваат да го прекинат финансирањето на клубот, објави „Радио Монте Карло“. Тие се незадоволни од обвинението за злоупотреба на власт упатено кон претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Се тврди дека Ал-Келаифи учествувал во обид за влијание кое требало да го принуди Катарскиот инвестициски фонд да ја промени својата позиција во 2018 година во внатрешен спор за управувањето со медиумската група „Лагарде“, која е со седиште во Франција. Катарскиот фонд поседува акции во оваа медиумска група.


Претседателот на ПСЖ е обвинет и за соучество во купување гласови и кршење на избирачките права.

Катарците сметаат дека обвиненијата се неосновани. Во тој контекст, тие се подготвени да го запрат не само финансирањето на Пари Сен Жермен, туку и на телевизискиот канал „Беин спортс“, кој ги поседува правата за пренос на еден натпревар по коло од францускиот шампионат.

Со 87,5% од акциите, „Катар Спортс Инвестментс“ е мнозински сопственик на ПСЖ веќе 14 години.

- Оглас -

Најнови вести