Катастрофа: Драговски ја скрши ногата, нема да брани за Полска на Мундијалот (Вознемирувачко видео)

Невиден пех му се случи на полскиот репрезентативец голман, Бартоломеј Драговски, кој ја скрши ногата на дуелот меѓу Верона и Специја и нема да брани на Мундијалот во Катар.

Во буквално последниот клупски меч пред настапот на Мундијалот, на 25-годишниот голман на Специја му се случи тешка повреда во дуел со напаѓачот на Верона, Кевин Ласања.

https://twitter.com/AndreaTrapani99/status/1591810902088638467?s=20&t=2FWmQL0JERcMwTd031segg

Драговски ќе треба да паузира долг период, а на негово место веќе е повикан голманот Камил Грабара, кој брани за дански Копенхаген.

Полска е во Ц групата на Мундијалот со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести