На малку повеќе од еден месец пред стартот на новата сезона во НБА, Клеј Томпсон, ѕвездата на Голден стејт вориорс, се здоби со нова тешка повреда, поради која ќе мора да ја пропушти целата сезона.
Томпсон на тренинг ја повреди Ахиловата тетива, се потврди по денешните прегледи.
Минатата сезона еден од „Сплеш браќата“ воопшто не играше поради повреда на вкрстените лигаменти во коленото, со која се здоби во финалната серија против Торонто во сезоната 2018/19, а сега повторно нема да може да му се стави на располагање на тренерот Кер.
Source: Golden State’s Klay Thompson has suffered a season-ending Achilles tear.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) November 19, 2020