Катастрофа за хрватските гиганти: Динамо со Ристовски и Адеми, но и Хајдук со Трајковски изненадувачки поразени

Во првенството на Хрватска се игра возбудлива завршница во која тешко е да се предвиди кој ќе биде шампион, но се чини дека ќе биде според онаа народната „двајца се тепаат – третиот користи“.

Вечните ривали Динамо и Хајдук неочекувано загубија и сега Риека е онаа која треба да искористи и да се искачи на врвот, секако доколку победи против Осијек.

Актуелниот шампион на Хрватска, Динамо, загуби со 1-0 на гостувањето кај Горица, а како капитен на екипата од Загреб на овој меч беше нашиот Стефан Ристовски, кој беше заменет во 70-тата минута. Аријан Адеми мечот го започна од клупата за резерви, а шанса за настап доби во 61-вата минута.

Загуби и Хајдук, со истиот резултат како и Динамо, но на домашен терен од Истра со 0-1. Александар Трајковски беше резерва, но влезе во игра во 70-тата минута. Сепак, нашиот фудбалер овојпат не успеа да ја спаси екипата од Сплит од пораз, како што беше случај пред две кола.

На табелата Ријека и Хајдук имаат по 56 бода, додека Динамо е трет со 52. Сепак, Риека вечерва го игра својот меч од 31-вото коло против Осијек на домашен терен, а во стартниот состав се наоѓа македонскиот репрезентативец, Јован Манев.

- Оглас -

Најнови вести