Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Оскар Пјастри го заврши настапот на трката за Големата награда на Азербејџан и тоа уште во првиот круг.
Само што започна трката, Пјастри тргна агресивно, но во петиот свиок едноставно не успеа да го задржи правецот и излета од патеката, удирајќи во заштитната ограда.
#F1 | Así fue el accidente de Oscar Piastri#AzerbaidjanGP #Formula1 pic.twitter.com/gRbES24Bne
— Mica Cortés (@micacortes_) September 21, 2025
Целиот викенд беше катастрофален за Пјастри, затоа што тој и вчера во квалификациите имаше инцидент. Во третиот сектор од квалификациите, Пјастри истотака имаше судар во оградата, па заврши на деветото место. Денеска само продолжи лошиот викенд и Пјастри нема да освои бодови на оваа трка.