Екипата на Ал-Наср дури во третото коло од првенството на Саудиска Арабија ја забележа првата победа, откако со убедливи 0-5 го совлада Ал-Фатех на гости.
Натпреварот се играше на стадионот “Принц Абдула бин Џалави“ во градот Ал-Хаса, а она што ги остави сите вчудоневидени се условите во соблекувалната.
Големите ѕвезди на Ал-Наср мораа да ја остават опремата и да се пресоблекуваат на свадбарски столчиња!
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) August 25, 2023
Големите ѕвезди Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ … сигурно не се навикнати на вакви сцени во европскиот фудбал, каде уживаа во луксузни соблекувални, но ова е уште еден доказ за големиот јаз помеѓу клубовите од големата четворка во Саудиска Арабија и останатите кои играат во лигата.