Екипата на Вардар 1961 е поразена на свој терен од Порто со 22-26, и најверојатно нема да успее да го освои едно од првите две места во групата кои водат во следната рунда во ЕХФ Европската лига.
Вардарци на полувреме водеа со 12-10 откако првите 30 минути ги завршија со убава серија од 4-0 по негативата од 8-10.
Сепак, во вториот дел Вардар 1961 потфрли во нападот, се разбрани и голманот на португалскиот тим Диого Рема кој имаше 14 одбрани, па гостите направија пресврт и дојдоа до првата победа сезонава.
Вардар остана на онаа победа од првото коло дома против Валур. Исландскиот тим вечерва беше прегазен во Германија од Мелсунген со 21-36.