Официјално: Ќатип Османи е нов тренер Шкупи

Неодамнешниот тренер на Шкендија, Ќатип Османи, потврди дека се договорил за преземање на екипата на Шкупи. Најверојатно договорот ќе биде со важност од две сезони.

Чаирчани спогодбено се разделија со турските стручњаци Умит Каран и Булент Акин, а сега на клупата го доведоа стратегот Османи, кој ги има водено Ренова и актуелниот шампион Шкендија, со која освои три титули. Ќато само пред две недели се раздели со тетовските „црвено-црни“, а од денеска е тренер на Шкупи. Помошник ќе му биде Башким Ливорека.

Османи денес ќе го води својот прв тренинг, а дебито ќе го има в среда (25 септември) на куп мечот со Силекс, додека на гостувањето кај лидерот Академија Пандев во Струмица, екипата ќе ја води Орхан Абди.

- Оглас -

Најнови вести