8.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Кавадарчани го дотераа стадионот пред гостувањето на шампионот

Тиквеш и Шкендија од 13 часот го отвораат 18-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, а двата тима имаат амбиција да ги освојат трите бода.

Кавадарчани во минатото коло го растурија Шкупи со 6-0, но денеска ќе биде вистинскиот тест за нив, им доаѓа првакот кој со триумфот над Струга покажа дека има екстра квалитет. Ако сака да остане во битка за титулата, Шкендија мора да победи, но нема да им биде лесно на оваа генераллна проба пред мечот од Конференциската лига со Самсунспор.

Тиквеш на последните четири дуели против Шкендија нема дадено гол и тоа ќе биде првата цел, како предуслов за позитивен резултат. Овие два тима се сретнаа двапати сезонава, по еднаш во лигата и купот, победуваше Шкендија со 1-0 и 2-0. Сепак, Тиквеш кога игра дома е поопасен ривал.

Градскиот стадион во Кавадарци ќе има една новина на денешниот меч, благодарение на донација од ФФМ, добија модерни и современи клупи и боксови.

- Оглас -

Најнови вести