12.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Кавадарчани го освоија Ѓорче: Опстанокот е реалност за Тиквеш

Фудбалерите на Тиквеш забележаа значајна победа во борбата за опстанок, и тоа на гостински терен во Ѓорче Петров. Кавадарчани славеа со минимални 0-1 над Македонија ЃП, пред сè, благодарение на бразилскиот интернационалец Лучијанињо, кој беше стрелец на единствениот гол на мечот во 77-мата минута.

Бразилецот најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник, откако Јанков во прв момент го одбрани ударот на Сила, но Лучијанињо беше на вистинското место и ја смести топката во мрежата на Лавовите од Ѓорче Петров.

Тиквеш во текот на целиот меч беше подобар противник, имаше повеќе шанси за гол и на крајот сосема заслужено се радуваше на триумфот.

Македонија ЃП со овој пораз останува на десеттото место со 19 бода, додека Тиквеш се искачи на „безбедното“ седмо место со 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести