Кавадарчани со манири на голем клуб, достојно го испратија Јане Петровски во пензија (Фото)

Еден од најдобрите македонски бекови и шутери во последните 15-тина години, Јане Петровски, по завршувањето на минатата сезона, објави крај на својата играчка кариера, а синоќа од неговиот последен клиб, Еуро Никел од Кавадарци, го испратија Петровски во пензија со подароци.

Раководството на Еуро Никел, му се заблагодари на Јане за тоа што го направи за нивниот клуб од 2015 наваму, додека го носеше нивниот дрес.

Прв клуб за кој играше во сениорската кошарка на Петровски му беше Николферт, а најдолго се задржа во МЗТ Скопје (пет сезони), Работнички (четири сезони) и Еуро Никел (шест сезони). Од 2008 до 2010, играше и во странски клубови.

Петровски не освои трофеј со Еуро Никел, клуб кој под името Фени Индустри има три шампионски титули во македонското првенство, но го има освоено Купот на Македонија со Работнички, и има титула во Унгарија со Шопрон.

- Оглас -

Најнови вести