Кавадарци цела ноќ го славеше трофејот: Градот на виното се „опи“ од радост за историскиот успех (Видео)

Тиквеш од Кавадарци со освојувањето на Купот на Македонија го постигна најголемиот успех во историјата на клубот, кој е формиран пред речиси еден век, односно во 1930-тата година. Со тоа кавадарчани ова лето ќе дебитираат и на меѓународна сцена, односно ќе настапат во квалификациите од Конференциската лига.

Кавадарци синоќа, но и целата ноќ знаеше како да го прослави овој голем успех. Буквално целиот град беше на улиците да ги дочека своите спортски херои и заедно да го прослават историскиот успех и освојувањето на Купот на Македонија.

Целото видео од дочекот на фудбалерите на Тиквеш и прославата во Кавадарци може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести