Кавани дебитираше за Бока, но херој на Аргентинците е голманот Ромеро

Бока јуниорс по подобро изведување на пеналите против уругвајски Насионал, се пласира во четвртфиналето на Копа Либертадорес. Средбата по 120 минути заврши 2-2, а деби во дресот на аргентинскиот гигант имаше Единсон Кавани, кој одигра 70 минути и имаше една убава шанса за гол, но не погоди.

Јунак на Бока беше голманот Серхио Ромеро, кој одбрани два пенала и придонесе Бока да стане рекордер во Копа Либертадорес по бројот на добиени пенал-серии, ги имаат девет. Според тренерот Алмирон, пред почетокот на пенал-рулетот, искусниот Ромеро ги смирувал своите соиграчи со зборовите: „Бидете мирни, ќе одбранам барем два пенала“. И навистина одбрани два, а играчите на Бока утнаа само еден пенал.

Во четвртфиналето на јужноамериканската Лига на шампиони, ривал на Бока ќе биде Атлетико Насионал од Колумбија или Расинг од Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести