Кавани доаѓа во Мадрид, Атлетико ќе има гром напад

Единсон Кавани доаѓа на „Ванда Метрополитано“, а Атлетико ќе има гром напад со уругвајски тандем опасни стрелци. Услов за да се финишира веќе најавениот трансфер во шпанските медиуми е од клубот да си замине Диего Коста.

Засега за шпанскиот репрезентативец нема понуди за трансфер и тоа е основниот проблем за Атлетико за да се спои уругвајскиот тандем во нападот.

Кавани беше во комбинација за да ја засили Бенфика, но во последен момент се изјалови таа комбинација. Според шпанските медиуми Уругваецот прифатил и помала плата само за да му се приклучи на Атлетико Мадрид.

За таква варијанта се залага и Диего Симеоне, откако во клубот како големо летно засилување пристигна и сонародникот на Кавани, Луис Суарес.

- Оглас -

Најнови вести