Кавани доаѓа во Манчестер?

Екипата на Манчестер јунајтед е во потрага на квалитетен напаѓач, а токму таков е Единсон Кавани. Според некои пишуваа во Франција, менаџерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер посакал да го види 32-годишниот Уругваец на „Олд Трафорд“.

Од ПСЖ најавија дека не планираат да го продадат Кавани во зимскиот преоден рок, а тренерот ТОмас Тухел вели дека би било убаво во составот да има играч како Кавани.

„Дали ќе има заминувања и нови играчи во тимот? Се е можно во фудбалот. Што се однесува до Кавани, треба него да го прашате. Еди сега е повреден, а ако ме прашувате мене, јас би сакал да остане во екипата“, рече Тухел.

Кавани сезонава одигра само четири меча во француското првенство и сигурно би сакал да си замине во тим каде ќе добие поголема минутажа. Неговиот договор со Светците е до крајот на сезонава, што значи ако не си замине во следните две недели, ПСЖ на крајот од сезоната нема да добие ниту едно евро од негов евектуален трансфер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести