Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, кому договорот со Манчестер јунајтед му истече и сега е слободен играч, го поврзуваат со многу клубови, а според грчките медиуми, Еди би можел да заврши во некој клуб од нашето соседство.
Кавани им бил понуден на грчкиот Панатинаикос, турскиот Фенербахче и бугарската ЦСКА од Софија. Понудата била од српската канцеларија на менаџерската агенција која го застапува 35-годишниот Уругваец.
Годишната плата на Кавани е околу 7 милиони евра, што е премногу за трите балкански клубови, па минимални се шансите тој да заигра на Балканот ако не си ги намали барањата.