Кавани ќе потпише тригодишен договор со шпанскиот гигант, и тоа како слободен играч

Единсон Кавани од следната сезона ќе биде нов играч на Атлетико Мадрид. Ова го тврди познатиот новинар Џанлука ди Марцио, кој ја објави оваа информација на својот твитер-профил. Најавите се дека Атлетико Мадрид веќе ги договорил сите детали со уругвајскиот напаѓач и тој ќе пристигне во Мадрид на крајот од сезонава.

Јорганџиите нема да платат ниту едно евро за доведување на Кавани бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2020 година, што значи дека во Атлетико ќе пристигне како слободен играч. Договорот треба да биде на три години, што само покажува дека тимот од „Ванда Метрополитано“ и во следните сезони ќе биде голем ривал на Барселона и Реал Мадрид.

Шпекулациите беа дека Кавани во јануари ќе замине во американската МЛС, но сега има пресврт во најавите и треба да очекуваме дека тој уште неколку години ќе биде дел од најсилните европски натпреварувања.

https://twitter.com/DiMarzio/status/1209028219426488320

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести