Кавани ќе си оди од ПСЖ за да заигра во Мадрид

Голгетерот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани е можно да си замине од францускиот првак. Причина за тоа е фактот што Кавани не само што не е прва ѕвезда во екипата, туку полека но сигурно паѓа во сенка на Килјан Мбапе и Нејмар. Кавани игра во добра форма и тој е на мета на повеќе европски клубови, а најзаинтересиран е Атлетико Мадрид.

Уругваецот ја игра шестата сезона во ПСЖ и досега има импресивен биланс. На 233 средби постигнал 173 голови. Актуелниот договор му е до 2020 година, но „светците“ може да го продадат и за да си ја олеснат работата околу финансискиот фер-плеј кој го налага УЕФА.

Доколку се реализира трансферот во Атлетико, Кавани повторно ќе биде дел од едно фантастилно напаѓачко трио. Главни во нападот на „јорганџиите“ сега се Гризман и Коста, а доколку дојде и Кавани, Атлетико сигурно ќе биде уште поголем ривал на Барселона и Реал Мадрид, во трката за титулата во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести