Кавани конечно потпиша за некогашниот шампион во Шпанија

Искусниот уругвајски фудбалер, Единсон Кавани, ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе биде неговиот нов клуб. Кавани се одлучи да го носи дресот на Валенсија и првпат ќе заигра во Примера дивисион.

На Кавани летово му истече договорот со Манчестер јунајтед и остана без клуб. Има играно и за Данубио, Палермо, Наполи и ПСЖ, а во репрезентативниот дрес на Уругвај игра од 2008 година и во 133 меча постигнал 58 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести