Повеќе од една и пол деценија Единсон Кавани играше на врвно ниво во европскиот фудбал, а сега реши предизвикот да го побара во еден од најголемите клубови во Јужна Америка, Бока jуниорс.
Кавани, кој има 36 години, потпиша едно и пол годишен договор со Бока jуниорс, што наиде на воодушевување кај фановите на овој аргентински гигант. Докажаниот голгетер кој има играно за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија доби спектакуларно преставување на легендарниот стадион „Ла Бонбоњера“.
Уругваецот ќе го носи дресот со бројот 10, кој некогаш беше во сопственост на Диего Армандо Марадона.
„Ова е голема емоција. Кога имав 12 години, бев на трибините на овој стадион и почувствував желба да играм токму за овој клуб“, им порача Кавани на навивачите и додаде: „По толку многу години, во кои фудбалот ми даде од сѐ по малку, сега сум на местото каде што уживам со своето семејство“, порача Кавани на презентацијата пред навивачите на Бока.