14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Кавани од Париз се сели во Мадрид

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани, се согласил на трансфер во Атлетико Мадрид во летниот преоден рок, со што Уругваецот е учествува во големата реконструкција на тимот на тренерот Диего Симеоне. Атлетико останува без Антоан Гризман, можеби и Диего Коста кој сака да се пресели во Кина, но привлекувањето на Кавани може да биде гаранција дека нема да им недостасуваат голови.

Искусниот 32-годишен Уругваец има договор со ПСЖ до 2020 година, па подобро е за „светците“ да го продадат сега, отколку да останат без него следното лето, без да добијат обештетување. Кавани сезонава на 33 меча имаше 23 гола и 9 асистенции.

Уругваецот кој шест сезони играше за францускиот тим, е проценет на 50 милиони евра, но ПСЖ може да се согласи да го продаде и за помалку. Кавани својот премин во Атлетико го условувал со заминување на Коста, и веројатно желбата ќе му биде исполнета.

- Оглас -

Најнови вести