Кавани првпат во кариерата ќе игра во шпанското првенство

Искусниот 35-годишен напаѓач Единсон Кавани ќе биде нов играч на Вилјареал, пишува шпанската „Марка“. На Кавани му заврши договорот со Манчестер јунајтед и во шпанскиот тим ќе пристигне како слободен играч.

Во 15-годишната европска клупска кариера, Кавани досега никогаш не играл во шпанското првенство, што значи дека ова е еден нов голем предизвик за него. Во Вилјареал тренер ќе му биде Унаи Емери со кого има работено додека играше во Пари Сен Жермен.

Вилјареал минатата сезона стигна до полуфиналето од Лигата на шампиони, но во домашното првенство заврши дури на седмото место, па Жолтата подморница во европските натпреварувања ќе започне уште во квалификациите од Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести