Кавани во клубот „200“, 7+ прослава и триумф за ПСЖ (видео)

ПСЖ ја доби голеадата во фанстастичната пресметка против Бордо со 4-3. Фудбалската прослава на „Паркот на принцовите“ беше во знакот на Единсон Кавани, кој го прослави својот 200-ти погодок во дресот на францускиот првак и го зголеми контото како најдобар стрелец во клупската историја.

Гостите изненадија преку Хванг по 18 минути игра, но Уругваецот за брзо израмни и го отвори патот на домаќините кон 21-вата победа сезонава. Пред паузата, Марињос погоди за 2-1, па иако се очекуваше ПСЖ да почне со предност во вториот дел, Пабло успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Уште еднаш Бразилецот се погрижи за домаќините да водат, а по Маркињос гол реализира и Мбапе во 69-тата минута. Два гола беа недостижни за Жирондинците, но Пардо барем се погрижи да има целосна голеада во Париз и ги постави конечните 4-3 во 83-тата минута.

Да има возбудувања во финишот, Нејмар доби втор жолт картон и замина на туширање две минути порано од останатите.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=Eh8OiR_4wwM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести