Новиот член на Манчестер јунајтед, искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, мотивирано почна да тренира со својот нов клуб со надеж дека ќе добие прилика утревечер да заигра во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите. Кавани за ПСЖ даде 200 гола и со тоа е прв стрелец во историјата на Светците, па затоа тој нема да биде обичен меч за него.
Уште ако даде гол, би имал деби од соништата и ќе испрати порака до ПСЖ дека премногу лесно се откажаа од него. Навивачите на ПСЖ го поддржаа популарниот Ел Матадор, но клубот не му го продолжи договорот.
Кавани седум месеци нема играно, 33-годишниот голгетер беше и во двонеделен карантин. Ако е во доволно добра физичка форма за да може да игра, парижаните може и да зажалат што се откажаа од неговите услуги.