29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Манчини и Италија ќе бараат мундијалска утеха од македонскиот шок со победа против Албанија

6737 Узбекистан – Казахстан (Пријателски меч, 14 часот)

Интересен е историјатот на мечевите на некогашните братски Републики во составот на СССР.

Почнаа во Азија со два меча во Купот на Централна Азија во 1992 година, на кои Узбекистан еднаш победи и еднаш ремизира со Казахстан.

Со текот на времето, Узбеците си останаа во азиската зона на квалификации за големите натпреварувања, а Казаците се префрлија во Европа.

И сега го постигнаа и најголемиот успех, со пласман на фајналфор турнирот во Ц сегментот од Лигата на нациите и очекуваат успех во конкуренција на фаворитите Турција, Грција и Грузија.

И во квалификациите за ЕП 2024 Казахстан имаше многу среќа и се падна во релативно лесна група со Данска, Словенија, Финска, Северна Ирска и Сан Марино, во која може да се игра, па и да се надеваат на подвиг и прв пласман на ЕП.

Денеска избраниците на Магомед Адиев се гости во Ташкент и прогнозираме дека нема да загубат од Узбекистан.

Предлог тип: Х2 (1.72)

 

6738 Обединети Арапски Емирати – Аргентина (Пријателски меч, 16.30 часот)

Лионел Меси и соиграчите од аргентинската репрезентација се меѓу главните фаворити за светската круна во Катар, а како загревање денеска им е мечот со Обединетите Арапски Емирати.

Аргентина е во импресивна серија од 35 меча без пораз и се многу блиску до историски подвиг и уривање на најдолгата низа во историјата на фудбалот што ја имаат Италијанците со 37 натпревари без неуспех од октомври 2018 до октомври 2021 година.

Аргентинците се непоразени од јули 2019 година, кога вечниот ривал Бразил ги победи со 2:0 на Копа Америка.

Сè потоа е за респект со серија од 35 меча без пораз, а очекуваме експресно со голови веќе во првото полувреме да го победат и денешниот домаќин.

Предлог тип: 2-2 (1.58)

 

6743 Оман – Германија (Пријателски меч, 18 часот)

Ќар од добивањето на организацијата на Катар за Мундијалот што ќе почне во недела имаат и околните земји, кои си искористија шанса да играат пријателски мечеви со гигантите на светскиот фудбал.

Во Оман денеска гостуваат четирикратните светски прваци, Германците и го кренаа Султанатот на нозе.

Стадионот во Мускат ќе биде преполн, сите сакаат да го видат во живо од трибините еден од големите фаворити за титулата, па Германците треба да се оддолжат со голови и ефикасна игра.

Оман играше многу солидно во квалификациите за ова Светско првенство и остана покус само за еден бод во однос на Австралија, која потоа низ дополнителен бараж го елиминира Перу на пенали и се пласира на Мундијалот.

Оман ќе сака да покаже дека напредува, не е невозможно да ја затресе мрежата на Германците, а од фаворитот се знае, се очекуваат многу голови, како и секогаш.

Предлог тип: 4+ (1.78)

 

6744 Полска – Чиле (Пријателски меч, 18 часот)

Полска ќе игра на Мундијалот, а имаше многу среќа откако Русија беше елиминирана од политички причини во бараж-системот, па само со една победа против Шведска на домашен терен се пласираа на СП во Катар.

Чиле не успеа, и тоа најмногу поради катастрофалните настапи во финишот на јужноамериканските квалификации и четирите порази на последните пет натпревари.

Потоа продолжија со лошите игри и на пријателските мечеви и сега се во црна низа од 7 меча без триумф.

Полска го игра последниот тест-меч пред настапот на СП, каде што ќе игра со Мексико, Саудиска Арабија и Аргентина во првата фаза по групи.

Чиле е намерно одбран за спаринг-партнер бидејќи може да го одглуми јужно и северноамероканскиот фудбал што го играат Аргентина и Мексико.

Полска е фаворит, Чиле е во слободен пад, па типуваме дека ќе има најмалку 3 гола, а и дека домаќинот е поблиску до победа.

Предлог тип: 3+ (2.30)

 

6749 Албанија – Италија (Пријателски меч, 20.45 часот)

Актуелниот европски првак Италија сè уште не ги зацелила раните од мундијалскиот шок што ѝ го приреди Македонија со елиминацијата во Палермо во март, па селекторот Роберто Манчини сè уште го споменува тој дуел како голем неуспех на Аѕурите.

И вчера на прес-конференција ја спомена Македонија, а вечерва ќе се обиде со своите избраници барем малку да ги санира раните од историскиот пораз од нас со 0:1 што им го затвори патот кон Катар.

Албанија по настапот на историското ЕП за нив во 2016 година се наоѓа во пад и никако не успева да ги повтори резултатите од тој период.

И сега е во криза со 9 меча без победа, а Италија не е ривал за вадење. Четирикратниот светски првак има подмладена селекција со нови момци, како Фаџоли, Мирети, Гнонто, Ричи и уште дузина играчи на возраст до 22-23 години кои веќе се познати фудбалски фаци во Италија.

Сега имаат шанса да се пробијат и во националниот состав, а Италија е фаворит и типуваме дека ќе победи во меч со најмногу три гола.

Предлог тип: 2&0-3 (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести