Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:45 часот ќе игра уште еден важен квалификациски натпревар за Светското првенство, а противник е Казахстан. Триумфот е неопходен за да ги задржиме шансите за првото место и директен пласман на Мундијалот.
Казахстан е селекција против која досега сме одиграле два натпревари, и двата сме ги добиле – без примен гол.
Првиот беше од пријателски карактер, во 2021 година, како дел од подготовките за нашиот историски настап на Европското првенство. Во тој пријателски меч го победивме Казахстан со 4-0, со головите на Алиоски, Тричковски, Милан Ристовски и на Чурлинов.
Вториот меѓусебен дуел беше во јуни оваа година, во овој квалификациски циклус, кога го победивме Казахстан на гостиски терен со 0-1. Единствениот погодок го постигна Александар Трајковски.
И покрај поразот, Казахстан сепак не беше безопасен, дури трипати ја погодија рамката од нашиот гол, а и Димитриевски имаше неколку одлични интервенции.
Сепак, ефектот на Македонија протв Казахстан е да го добиваме на „нула“ и убаво би било традицијата да продолжи.