Базата на македонската фудбалска репрезентација ќе биде во Букурешт, град во кој ќе ги играме двата меча, стартни за нас на ЕП против Австрија и Украина на 13 и 17 јуни.
Со Холандија ќе играме во Амстердам на 21 јуни и ако се пласираме во следната фаза, ќе тргнеме во битка повторно од базата во Букурешт.
Како загревање за настапот на европскиот шампионат, ќе играме два тест-натпревари, против Словенија на 1 јуни и со Казахстан на 4 јуни, и двата во Скопје.
„Среќен сум што сум во можност да објавам список на македонска фудбалска репрезентација во ситуација што е историска и за првпат со настап на големо натпреварување. Дебитанти сме и нормално е да не бидеме фаворити, но против никого како и досега нема да се предадеме. Ме радува и оптимизмот кај народот, особено по победата против Германија, но ние цврсто стоиме на земја. Ги знаеме квалитетите со кои располагаме, атмосферата е прекрасна и едвај чекаме да почне шампионатот“, изјави селекторот Ангеловски.