Казахстан дури со 19-мина играч од домашното првенство ќе ѝ се спротивстави на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра последниот меч пред патот на Европското првенство, а противник ѝ е Казахстан. Гостите на арената „Тодор Проески“ ќе бидат дури со 19-мина фудбалери кои настапуваат во првенството на Казахстан, а има само двајца интернационалци во составот на селекторот Талгат Бајсуфинов.

Фудбалерот за врска Владислав Василиев настапува во белорускиот Енергетик Минск, додека напаѓачот Алексеј Шчоткин го носи дресот на рускиот Ротор од Волгоград. Од играчите кои се на списокот, најискусен е дефанзивецот Сергеј Малји со 46 настапи, а потоа следува Азат Нургалиев со 43 меча за селекцијата на Казахстан.

Казахстан во Скопје доаѓа со лоша низа од осум меча без победа. Според коефициентите во Sport Life, Македонија утре е фаворит за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести