Лалињата ќе цутат во Варшава, светскиот првак конечно ќе победи во Лигата на нации

6121 Казахстан – Белорусија (Лига на нации, 16 часот)

Казахстанците се пред историски успех и пласман во Сегментот Б во Лигата на нациите, а за тоа им треба победа против Белорусија.

Имаат уште неколку варијанти за да бидат први на табелата во третата група од нашиот сегмент, но најсигурна им е да ја победат Белорусија.

Гостите имаат поинакви мотиви, последни се и ако сакаат да избегнат испаѓање во Сегментот Д, ќе мора да одат на победа.

Првиот меч што се играше на неутрален терен во Нови Сад заврши нерешено 1:1, што е единствениот нерешен резултат на Казахстан во одиграните четири кола.

Шансата за домаќините е огромна, ќе имаат притисок, но со помош на публиката на „Астана арената“, можат да ја исполнат целта.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.04)

 

6101 Хрватска – Данска (Лига на нации, 20.45 часот)

На „Максимир“ се игра дербито во првата група од Сегментот А, што веројатно и ќе го реши победникот во групата.

Данците се лидери по 4 кола со 9 бода, а како што стојат работите, Хрватска, која има 7 бода на две кола до крајот, им е единствен ривал за првото место.

Коцкестите славеа на првиот меч на „Паркен“ во Копенхаген, што им дава предност во случај двете селекции на крајот да имаат еднаков број бодови, но под услов денеска домаќините да не загубат.

Хрватска има полесен распоред од Данска бидејќи во последното коло ќе игра на гости со Австрија, а Данците ќе го пречекаат актуелниот светски првак Франција.

Коцкестите имаат убава шанса со победа да бидат лидери пред стартот на последната рунда, а ние ќе типуваме дека нема да загубат на меч барем со по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.65)

 

6102 Франција – Австрија (Лига на нации, 20.45 часот)

Актуелните светски прваци се во незавидна ситуација и се последни само со два бода во истата група каде што дерби за првото место ќе играат Хрватска и Данска.

Шансите за врвот на табелата за Триколорите се загубени и тие сигурно нема да играат за шампионската титула во Сегментот Б.

Австрија е веднаш пред нив со 4 бода и минимални шанси за првата позиција. Тие се надеваат дека денеска ќе ја победат Франција, потоа и Хрватска, а Данска да не освои ниту еден бод до крај за да бидат први.

Тоа е варијанта што изгледа како невозможна мисија, но постои бидејќи во таков случај Австрија и Хрватска би имале по 10 бода, а први би биле Австријците со две победи против Коцкестите.

Пореална варијанта е денеска на „Стад де Франс“ во Париз, Франција конечно да победи за првпат во првата група од Сегментот Б и да тргне кон опстанок во Сегментот А.

Предлог тип: 1&3+ (2.02)

 

1602 Полска – Холандија (Лига на нации, 20.45 часот)

И Полска е во слична ситуација како и Австрија и им треба чудо и сосема да им се поклопат сите резултати во последните две кола за подвиг и прво место во четвртата група од Сегментот А.

Секако е пореална варијанта за нив да планираат како ќе избегнат испаѓање во Сегментот Б бидејќи имаат четири бода на третото место и натпревари со Холандија и со Велс на гости.

Лалињата конечно одиграа добар натпреварувачки циклус во Лигата на нациите и се топ-фаворити за првото место.

Имаат 10 бода, 3 повеќе од соседот Белгија, но денеска мора да ја победат Полска за да можат и со реми во дербито на Бенелукс во последното коло да бидат шампиони во својата група и да играат и за титулата во Лигата на нациите.

Иако на првиот меч дома не победија, а беше нерешено 2:2, Холанѓаните се и поквалитетни и во подобра форма од ривалот, па типуваме дека ќе ги освојат бодовите во Варшава.

Предлог тип: 2 (2.18) Супер тип на Sport Life

 

6104 Белгија – Велс (Лига на нации, 20.45 часот)

Белгија мора да го победи Велс и потоа како гостин на Холандија во последното коло пак да триумфира за да биде прва во четвртата група од Сегментот А и тоа не изгледа невозможно сценарио.

Црвените ѓаволи се меѓу најдобрите репрезентации на светот и очекуваат два успеси и прво место како загревање за настапот на Мундијалот во Катар, каде што многумина ги сметаат и за главни фаворити и за светската круна.

Прмоблем за Белгија е императивот и фактот што во последно време тешко го победуваат Велс и имаат само еден триумф на последните 7 меѓусебни дуели.

Велс е типична островска репрезнтација од Велика Британија, играат цврсто и се физички моќни, но се слаби со креација и имаат една вистинска ѕвезда во составот, Герет Бејл, чија кариера е во надолна линија.

Тоа е премалку да се изненади една вистински моќна репрезентација како што е Белгија, која според нас, рутински ќе победи.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.22)

 

- Оглас -

Најнови вести