Казахстански Актобе се пофали дека го купил португалскиот ветеран Луис Нани. Некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед потпиша на една сезона, а месечната плата ќе му биде 70.000 долари.

Актобе сега би можел да ги потпише и поранешните ѕвезди на Реал Мадрид и Ливерпул, Хамес Родригез односно Џердан Шаќири.
Според информациите од Казахстан, двајцата 34-годишни играчи се на списокот на желби на клубот. Клубот сака да потпише и со напаѓачот Хулк од Атлетико Минеиро, па само ако не успее, би тргнале по Колумбиецот и Швајцарецот.
Шаќири моментно игра за швајцарскиот клуб Базел, денеска даде три гола против Цирих, а Хамес Родригез е слободен агент откако го раскина договорот со мексиканскиот клуб Леон пред неколку недели.

