Денеска почнува новата сезона со Спортска прогноза, петта по ред во организација на Sport Life и Спорт Манија, а можете да се приклучите до 15.30 часот, односно до почетокот на двата дуели во Бундеслигата меѓу Штутгарт и Фрајбург и Аугсбург и Мајнц.
Процедурата за учество во популарната игра остана иста, едноставно и лесно можете да се приклучите веднаш, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life.
Голем дел од бројната армија на прогнозери што се редовни учесници на Спортска прогноза во секоја сезона веќе ги подготвија своите стартни типови за првото коло.
И интересен тренд има за големото дерби во Англија меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул што ќе се игра во понеделник, а е последен пар на популарната Тринаесетка за првото коло.
Најавата дека е можно Брзилецот Каземиро да игра за Манчестер јунајтед, како екстра-засилување од Реал Мадрид, го спушти процентот под 70 на прогнозерите што типуваат дека Ливерпул ќе победи.
Тој процент беше и над 75 во текот на оваа седмица, а сега падна на нешто под 70 посто, што сепак јасно кажува кој е голем фаворит.
Покрај вечното англиско дерби има уште 12 супер интересни двојки, па ќе треба добра стратегија да се атакува на полн погодок за прекрасни награди.
Од оваа сезона прогнозерите сами ќе си бираат подароци од три понудени опции: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет или X Box Series X.
Како и досега ќе се наградуваат и утките, па со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за две промашувања наградата е ваучер од 500 денари.
Има и топ-подароци за најуспешните во Генерален пласман, па затоа не чекајте и приклучете и се на бројната армија на прогнозери, денеска до 15.30 часот на самиот старт на петтата сезона на Спортска прогноза.