Каземиро: Мојот едногодишен син зборува англиски подобро од мене!

Бразилецот Каземиро во интервјуто за сајтот на Манчестер јунајтед се извинуваше што не зборува англиски јазик и се пошегува дека и неговиот син кој неодамна наполни една година, знае англиски подобро од него.

Каземиро откри и дека има играно на „Олд Трафорд“, кога бил 15-годишен тинејџер, во дресот на Сао Пауло.

„Мојата сопруга знае англиски, и седумгодишната ќерка знае, дури и син ми, кој само што наполни една година, е подобар во англискиот од мене, но веќе одам на часови и се надевам дека наскоро ќе можам да комуницирам со соиграчите и тренерите. Ветувам дека наредното интервју ќе ми биде на англиски“, рече Каземиро, кој зборуваше на шпански.

Потоа Бразилецот откри и дека веќе играл на „Олд Трафорд“ пред 15 години.

„Не знам колку луѓето се запознаени, но јас кога бев во Сао Пауло, играв тука на 15-годишна возраст на еден Најки куп. Тогаш не ни замислував дека еден ден ќе станам играч на Манчестер јунајтед“, вели Каземиро, кој вети дека ќе дава 120 проценти од можностите на секој меч и дека одвај го чека дебито.

- Оглас -

Најнови вести