Демаркус Казинс навистина нема среќа кога се работи за повредите. Курпулентниот центар, кој летово ги засили редовите на ЛА лејкерс потпишувајќи едногодишен договор, по сите изгледи, нема да почувствува како е да се игра заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Казинс ги скинал лигаментите на коленото и првите претпоставки се дека ќе ја пропушти целата сезона. Ова е трета тешка повреда за ексиграчот на Голден стејт во изминативе 19 месеци.
Во февруари 2018 година ги оштети лигаментите на Ахиловата пета и до крајот на сезоната не заигра повторно за Њу Орлеанс. Потоа, во април годинава се здоби со повреда на бутниот мускул на левата нога, по што ги пропушти разигрувањата, а сега коленото му создаде нови проблеми.
Оваа лоша вест може значително да влијае врз шансите на Лејкерс да го освојат шампионскиот прстен во новата сезона, бидејќи Казинс беше доведен токму за таа цел, да биде трета опасност за противничките екипи покрај Кралот и Веѓата.
Torn Achilles, torn quad and now a torn ACL in a 19-month period, just before the expected payday he likely now will never get. Brutal. https://t.co/ddTeTepAHz
— Anthony Slater (@anthonyVslater) August 15, 2019