Казната на Ферстапен му помогна на Пјастри да победи во Саудиска Арабија

Оскар Пјастри триумфираше на Формула 1 трката за Големата награда на Саудиска Арабија и го презеде водството во генералниот пласман.

Пилотот на Мекларен ја искористи казната од 5 секунди која му беше изречена на Макс Ферстапен поради „кратење“ на патот во првиот круг веднаш после стартот. Пјастри победи со предност помала од 5 секунди во однос на Ферстапен кој втор мина низ целта.

Прв подиум сезонава имаше Шарл Леклер од Ферари, а четврти беше Ландо Норис од Мерцедес, кој го имаше и најбрзиот круг.

- Оглас -

Најнови вести