Шпанскиот судија Хосе Марија Санчес Мартинес, кој синоќа не се прослави на двобојот од Примера дивизија помеѓу Реал Бетис и Барселона и предизвика негативни реакции од двата тима, не е делегиран за следното коло.
Барса побееди со 3-2, но судијата како да ја загуби контролата. Како грев му се земаат исклучувњата на Клемент Ленгле и Набил Фекир, непокажувањето црвен картон на Серџи Роберто и недосуден пенал над Лионел Меси.
Во следното коло нема да суди ниту Хил Мансано, кој свиреше на мечот Осасуна – Реал Мадрид, но тој ќе суди во полуфиналето на Купот помеѓу Реал Сосиедад и Мирандес, па нема да паузира.