Ќе беа кошаркарска сила, да не беше алчноста на Харден

Оклахома сити тандер своевремено имаше дрим-тим со изборите од драфовите на Кевин Дурант, Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Серж Ибака. Овој состав стигна до финалната серија во 2012 година, но на патот до вечната слава им застанаа тогаш неприкосновените Мајами хит, предводени од триото Леброн Џејмс – Двејн Вејд и Крис Бош.

По тоа финале Оклахома имаше намера да ги задржи ѕвездите и да гради уште посилен тим со кој повторно ќе ја нападне титулата, но работите се сменија по одлуката на Џејмс Харден да се пресели во тимот на Хјустон рокитс, а причина за тоа биле парите.

„Сите се жртвуваа за екипата, сите освен Џејмс Харден. Вестбрук, Дурант, Ибака, сите прифатија пониски плати, па и јас, но Харден не се согласи“, истакна Кендрик Перкинс, кој беше дел од тимот на Оклахома кога останаа со празни раце во 2012 година.

Харден наводно не сакал да биде трета главна фигура во тимот зад Дурант и Вестбрук, па си заработи мултимилионски договор во Хјустон каде и денес е прва ѕвезда, а соиграч му е Расел Вестбрук. Дурант ги напушти Грмотевиците во 2016 година и го облече дресот на Голден стејт вориорс со кои освои две титули, а Вестбрук беше последниот играч кој до доврши распадот на генерацијата која можеше да оствари многу.

- Оглас -

Најнови вести