Ќе беше чудо да немаше црвен картон – Тареми со крвнички старт ја продолжи традицијата (Видео)

Порто и Бенфика ја продолжија традицијата на натпревари на кои има барем едно исклучување, а на вчерашното големо дерби во Португалија предвреме теренот го напушти Иранецот Мехди Тареми.

Играчот на Порто крвнички стартуваше директно на ногата на Николас Отаменди, па доби директен црвен картон. За среќа не настрада зглобот на Аргентинецот од Бенфика, иако стартот на Тареми беше брутален.

Дуелот од 73. минута по кој беше исклучен репрезентативецот на Иран од редовите на Порто можете да го погледнете ОВДЕ.

Мечот заврши нерешено 1:1, а ова е трет црвен картон на последните пет меча меѓу Порто и Бенфика во португалското првенство.

Двете екипи останаа израмнети со по 32 бода на втората и на третата позиција зад лидерот Спортинг, кој има 36 бода по 14 одиграни натпревари во популарната Примеира во Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести