Ќе беше ѓаволска сензација – Црвена Ѕвезда со повик за „Мистер 666“, здравствената состојба го спречи мега-трансферот

Црвена Ѕвезда го именува Владо Јовановиќ за нов тренер на местото на дејан Радоњиќ кој замина во Панатинаикос, а српскиот првак објави дека преговарал со Пабло Ласо.

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид со прекарот Мистер 666 одговорил дека поради здравствени проблеми не може да ја прифати понудата на белграѓани.

„Веднаш воспоставивме контакт со Пабло кога веќе беше јасно дека ќе си замине од Реал Мадрид. Ни одговори дека поради здравствената ситуација не може да ја прифати нашата понуда“, изјави Небојша Човиќ, претседателот на Црвена Ѕвезда.

Ласо има играно и за Барселона и за Реал Мадрид, а како тренер на кралскиот клуб освои еден куп трофеи.

По шест има во шпанското првенство, во националниот куп и во Суперкупот на Шпанија, а двапати се радуваше на пехарот во Евролигата со Реал Мадрид.

Неодамна имаше полсењн инфаркт, но ситуацијата се стабилизира, иако Ласо мораше да ја почитува препораката на докторите и си замина од клупата на Реал по цели 11 години, односно беше тренер на кралскиот клуб од 2011 до 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести