Ќе беше голем играч ако ја немаше таа луда глава – Балотели даде пет гола од кој еден е чиста мајсторија (ВИДЕО)

Иако своевремено важеше за еден од најголемите светски таленти, се чини дека Марио Балотели и не ги исполни очекувањата.

Сега веќе 31-годишниот поранешен италијански репрезнтативец настапува за Адана Демирспор а за тоа за каков талент е Балотели, говори и еден од петте гола кои што ги постигна.

Неговиот тим славеше со лесни и убедливи 7:0 против Гезтепе во последното коло од турскиот шампионат, а како што пишавме погоре, Марио даде пет од седумте голови.

Иако турската лига е далеку од квалитетите на најсинлите европски шампионати, Италијанецот за еден од головите демонстрираше навистина имресивни потези, како и гол со „рабона“.

За што станува збор, погледнете во видеото подоле.

- Оглас -

Најнови вести