Ќе беше штета ако „жолтата подморница“ по одличната сезона во ЛШ, не обезбедеше настап на Евро сцената

Ќе беше штета ако по одличната сезона во Лигата на шампионите, Вилјареал да останеше без настап на Евро сцената, следната сезона.

„Жолтата подморница“ со победата над Барселона од 2:0 во последното коло од Ла Лига, и тоа на гостински терен успеа да обезбеди настап во Конференциската лига на Европа.

Вилјареал дојде до 59-от бод, односно седмото место, благодарение на головите на Алфонсо Педроза (41′) и Мои Гомез во 55-та минута.

Овој тим имаше навистина одлична сезона во Лигата на шампионите каде што стигна до полуфиналето, и беше блиску да го елиминира Ливерпул и да се пласира во големото финале.

За Барса, ова беше последен меч на Камп Ноу, ваков каков што е, бидејќи веќе од следната недела започнуваат градежните активности кои што ќе траат до август, 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести