Комбинација од четири двојки и победи на условно кажано гостинските репрезентации во четвртфиналето на Европското првенство, кои и се и фаворити според коефициентите, може да понуди одлична комбинација во Sport Life со вкупна квота од 14.
Утре започнува разврската за пласман во полуфиналето на турнирот, а први ќе играат Швајцарците и Шпанците. Од 18 часот на „Газпром арената“ во Санкт Петербург, Шпанија е условно во улога на гостин и за победа на трикратните европски прваци коефициентот е 1.73 во Sport Life.
Од 21 часот ќе се игра дербито на четвртфиналните дуели меѓу Белгија и Италија. Аѕурите најмногу поради повредите на Еден Азар и на Кевин де Бројне, кои веројатно нема да играат за Белгија, се фаворити со коефициент од 2.45. Тој меч ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.
Задутре Чешка и Данска ќе играат од 18 часот во Баку, Азербејџан, а и тука во третото четвртфинале повторно условно гостинската селекција е фаворит и за триумф на Данците квотата е 2.20.
Битката за полуфинале ќе заврши во вечниот град, во Рим на „Олимпико“ каде Украина ќе игра против Англија, Гордиот Албион за првпат ќе игра надвор од Лондон и фаворит за победа со квота од 1.50 во Sport Life.