21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ќе биде атрактивна ноќ: На паркетот ќе бидат Дончиќ, Јокиќ, Кари, Харден, Ембид…

Во НБ- лигата ќе се одиграат пет атрактивни натпревари. Далас на свој терен е голем фаворит во дуел против Атланта, иако гостите се во добра форма и имаат шест победи во последните седум натпревари.

Домашниот терен треба да го искористат и Мајами против Филаделфија, како и Њујорк во дуелот против Сакраменто.

На последните два меча, гостите треба да се во мала предност. Голден стејт гостува кај Хјустон, а традицијата максимално е на страната на Воините затоа што се радувале 12 пати во последните 13 пресметки со овој ривал.

Дербито на вечерта ќе биде во Лос Анџелес, каде што Клиперс го пречекува првакот Денвер. Нагетси имаат 11 победи во последните 13 дуели со Клиперс.

Одлична е понудата и за „плус-минус“ поените на кошаркарите кои треба да бидат на теренот и познавачите лесно ќе ги најдат вистинските комбинации.

- Оглас -

Најнови вести