Ќе биде дерби барем на трибините, продадени сите билети за Пелистер – Вардар!

Фудбалскиот клуб Пелистер се пофали дека де продадени сите билети кои беа пуштени во продажба за утрешното дерби со скопски Вардар од Првата македонска фудбалска лига.

Средбата ќе се игра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола со почеток во 19 часот. Тоа ќе биде прв ноќен натпревар во Битола сезонава, а за збогатување на спектаклот, најавено е присуство и на навивачката група за Вардар, Комитите ќе бидат сместени на старата трибина.

„Благодарност до цела Битола, покажавте како се сака спортот и како се сака Пелистер. Само Битола, само Пелистер!“, објавија пелистерци.

 

- Оглас -

Најнови вести